Достапни линкови

logo-print

Бугарската полиција приведе 23 илегални имигранти


Илустрација.

Илустрација.

Припадници на бугарската гранична полиција на железничкиот премин „Капитан Андреево“ на границата кон Турција, приведоа 23 илегални имигранти, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Бугарија.

Мигрантите влегле во Бугарија скриени во товарен воз, кој превезувал магнезиумова руда од Турција за Унгарија. При проверка на возот, граничните полицајци ги пронашле мигрантите скриени во последниот вагон.

Во соопштението се посочува дека мигрантите немале документи за лична идентификација, но 12-мина од нив рекле дека се од Сирија, а останатите 11 дека се Ирачани. Меѓу приведените има осум мажи, осум жени и седум деца.

Министерството посочува дека во изминатово деноноќие бугарските погранични сили спречиле 10 обиди на 157 мигранти за илегално преминување на границата меѓу Турција и Бугарија.

XS
SM
MD
LG