Достапни линкови

Путин пристигна во Грција


Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Грција во неговата прва посета на Европската унија оваа година, во услови на продолжување на тензиите за интервенцијата на Мисква во источна Украина.

Путин денеска пристигна во Атина на дводневна посета. Тој денеска ќе се сретне со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и премиерот Алексис Ципрас.

Утре Путин ќе присуствува на прославата на илјадитата годишнина од руското присуство во античката манастирска заедница на планината Атос во северна Грција, едно од најсветите места на православното христијанство.

Во пресрет на посетата, рускиот претседател повика на обновување на односите меѓу Москва и ЕУ.

Во објава на грчкиот дневен весник Катимерини, Путин повикува на енергетски сојуз со ЕУ и олеснување на визниот режим за руските граѓани.

Односите меѓу ЕУ и Русија се нарушени за акциите на Москва во источна Украина.

XS
SM
MD
LG