Достапни линкови

Кривичниот суд го продолжи домашниот притвор за членовите на Левица


Кривичниот суд денеска одреди уште 30 дена домашен притвор за членовите на партијата левица, Здравко Савески и Владимир Куновски. Ова ќе им биде втор месец во куќен притвор поради обвиненијата за демолирање на народната канцеларија на Ѓорге Иванов. Судскиот процес против членовите на Левица се одложуваше два пати и е закажан за 31 мај. Пред неколку дена Апелациониот суд ја одби жалбата на Обвинителство, кое бараше тие да бидат префрлени во притворско одделение во затвор, додека тече судскиот процес.

XS
SM
MD
LG