Достапни линкови

Даниелсон: Во интерес на сите е аболицијата веднаш да биде повлечена


Директорот на Директоратот за проширување на Европската Комисија, Кристијан Даниелсон на средбите кои ги имал со политичките лидери, Специјалното јавно обвинителство, граѓанското општество и со амбасадорите од земјите членки на ЕУ порачал дека политичките лидери мора во целост да го почитуваат Договорот од Пржино и неговите основните принципи, како што се владеењето на правото, одговорноста, инклузивноста и кредибилните избори и оти оваа рамка останува клучна за решавање на политичката криза

Тој потенцира дека релевантните чинители итно мора да ја согледаат ситуцијата во интерес на граѓаните и евроатлантските перспективи.

Даниелсон вели дека во интерес на сите е аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов веднаш да биде повлечена.

„Во земја кандидат за членство во ЕУ мора да има целосна одговорност и еднаков третман пред законите. Нема простор за неказнивост или селективна правда , изјави Даниелсон.

Тој бара на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и на нејзиниот тим да им се дозволи да ја работат својата работа, како клучен елемент за враќање на довербата во владеењето на правото и судскиот систем.

„Сите политички сили сега имаат шанса да ги импелментираат неопходните реформи и да подготват кредибилни избори наскоро. Реформите мора да бидат спроведени инклузивно. Ургентните реформски приоритети за кои четворците лидери пред една година ветија дека ќе ги имплемнтираат, не смеат да останат само декларативни“, рече Даниелсон.

XS
SM
MD
LG