Достапни линкови

logo-print

Обама направи историска посета на Хирошима


Grab: Obama in Hiroshima

Grab: Obama in Hiroshima

Американскиот претседател Барак Обама допатува во Хирошима, станувајќи првиот претседател на САД кој го посетил местото на првиот напад со атомска бомба.

По поставувањето на венецот каде гори вечниот пламен во сеќавање на жртвите во Хирошима, Обама рече дека светот има заедничка одговорност да праша како да се спречи такво страдање да не се случи повтроно.

Претседателот на САД истакна дека неговата посета, која следеше по одржувањето на Самитот на Г-7 во Јапонија, е во чест на сите загинати во Втората светска војна. Но, тој одби да се извини за нападот.

Американскиот бомбардер Б-29 врз Хирошима фрли нуклеарна бомба од 15 килотони на 6 август 1945 година моментално убивајќи 80 илјади луѓе.

По вториот атомски напад врз Нагасаки, којшто се случи три дена подоцна, заврши Втората светска војна.

XS
SM
MD
LG