Достапни линкови

logo-print

ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против импичмент на претседателот Иванов


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе гласа против постапката за утврдување одговорност за претседателот Ѓорге Иванов заради тоа што цени дека со неговите одлуки го нема прекршено Уставот на Република Македонија, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Димовски побара од иницијаторите да го повлечат предлогот бидејќи нема уставна подлога за изгласување, а поради противењето на ВМРО-ДПМНЕ јасно е дека нема да помине во Собранието на Република Македонија.

„Најавите се дека оваа Влада која што сега ја раководи државата ќе има широка и сериозна реформска агенда во насока на исполнување на приоритетите коишто ги има државата, треба за тоа да дискутираме, за економијата, за последиците од политичката криза визави економијата, да видиме што можеме да подобриме, а е во директен интерес на граѓаните на РМ, а не на политичките партии, изјави Димовски.

Цениме, потенцира Димовски, дека оваа постапка за утврдување одговорност на претседателот Иванов е во исклучително погрешно време заради тоа што, како што рече, живееме во привидна пауза на мигрантската криза, а токму институцијата Претседател беше институцијата која што успешно се справуваше со мигрантската криза.

„Без разлика дали нас ни се допаѓа или не неговата одлука или на која било пратеничка група, а кажавме дека ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со одлуката за аболиција, сепак, како Собрание на Република Македонија имаме одговорност да одлучуваме врз база на Уставот на државата кој му дава право на претседателот да носи и такви одлуки“, рече Димовски.

XS
SM
MD
LG