Достапни линкови

Лидерите на Г-7 согласни за продолжување на санкциите кон Русија


Британскиот премиер Дејвид Камерон вели дека лидерите на групата на седумте економски сили (Г-7) се согласиле следниот месец да ги продолжат санкциите кон Русија, за нејзините акции во источна Украина.

„Земјите на Г-7 се согласни за виталната важност за продолжувањето на санкциите во Јуни“, рече денеска Камерон по дводневниот самит на Г-7 во Јапонија. „Украина е жртва на агресија поддржана од Русија. Не смееме да го заборавиме тој факт“, вели Камерон.

Санкциите беа воведени како одговор на руската анексија на Крим во 2014 година и за нејзината поддршка на сепаратистите во источна Украина.

Во последната изјава, лидерите на САД, Канада, Британија, Италија, Германија, Франција и Јапонија предупрдија дека „се подготвени да преземат понатамошни рестриктивни мерки“ против Русија, доколу Москва не ги исполни обврските од договорот од Минск за ставање крај на конфликтот во источна Украина.

Како реакција, Кремљ соопшти дека продолжувањето на санкциите против Русија ќе имаат негативен ефект врз глобалната економија.

XS
SM
MD
LG