Достапни линкови

logo-print

Во САД откриена бактерија имуна на сите антибиотици


Во Соединетите држави бил регистриран прв случај на инфекција отпорна на сите познати антибиотици. Тоа предизвика сериозна загриженост дека супер бактеријата би можело да претставува голема опасност доколку почне да се шири. До ова доаѓа во момент кога Британија врши притисок врз Групата седум развиени земји на состанокот во Јапонија да им се обезбеди на компаниите за лекови милијарда долари за развој на антибиотици кои ќе се справат со супер бактерии. „Ние ризикуваме да сенајдеме во пост антибиотички свет“, изјави Томас Фрајден, директор на американскиот Центар за контрола на болестите. Тој додаде дека инфекцијата на мочниот канал кај една 49 годишна жена во Пенсилванија била отпорна на сите можни антибиотици.

XS
SM
MD
LG