Достапни линкови

Ирачкиот премиер бара одлагање на протестите


Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади ги повика демонстрантите да ги одложат денешните протести против неговата влада за да можат безбедносните сили да се фокусираат врз преземањето на контролата врз градот Фалуџа од милитантите на Исламската држава. Неколку месеци следбениците на влијателниот шиитски верски лидер Муктада ал Садр секој петок протестираат пред строго чуваната „Зелена зона“ во Багдад. Тие бараат реформи на како што се велат корупираниот политички систем.

XS
SM
MD
LG