Достапни линкови

Глобалната економија во фокусот на Г7 во Јапонија


Лидерите на Групата седум економски сили на дводневниот состанок во Јапонија разговараа за начините за заздравување на светската економија. Шефовите на држави и влади на САД, Британија, Франција, Германија, Италија, Канада и Јапонија разговараа и за европската бегалска криза и тероризмот. Денеска американскиот претседател Барак Обама треба да ја посети Хирошима со што ќе биде прв претседател на САД кој го посетува градот врз кој беше фрлена првата атомска бомба.

XS
SM
MD
LG