Достапни линкови

Демонстрантите пред СЈО: „Со оваа власт одиме во пропаст“


Граѓани и денеска се собираат на протест пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство во знак на поддршка на оваа институција.

„Со оваа власт одиме во пропаст“ порачаа денеска демонстрантите кои најавија дека од пред СЈО ќе се упатат да протестираат пред Владата па кон Собранието на Македонија.

Тие запалија и фотографии со ликовите на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски, претседателот Ѓорге Иванов, министерот за внатрешни работи Митко Чавков и актерката Јелена Жугиќ.

Во најават за протестот на социјалните мрежи на граѓанското движење „Протестирам“ беше наведено:

„Нема да дозволиме ни да избегаат со украденото, а уште помалку да останат во земјата несоочени со правда. Нема да дозволиме повторно заташкување на ситуацијата и губење на уште една година во реформи од типот „едно напред, три назад“, се вели во најавата за протестот.

XS
SM
MD
LG