Достапни линкови

АП: Трамп ја обезбеди номинацијата за претседателски кандидат


Новинската агенција АП денеска објави дека Доналд Трамп го достигнал потребниот број на делегати за освојување на номинацијата на Републиканската партија за нејзин претседателски кандидат на изборите во ноември.

АП известува дека бизнисменот милијардер го достигнал бројот од 1.237 делегати, откако мал број на републикански делегати за АП изјавиле дека ќе го поддржат Трамп на националната конвенција на партијата во Јули во Кливленд, Охајо.

Извештајот доаѓа откако американскиот претседател Барак Обама изјави дека меѓународните лидери имаат добра причина да бидат „потресени“ од Доналд Трамп.

„Тие не се сигурни колку сериозно да ги земат неговите изјави, но тие со добра причина се потресени од него“, рече денеска Обама на маргините на самитот на Г7 во Јапонија.

XS
SM
MD
LG