Достапни линкови

Абе: Нуклеарната програма на Пјонгјанг - закана за Европа


Јапонскиот премиер Шинзо Абе пред лидерите на Самитот на Г7 денеска рекол дека нуклеарните и ракетни програми на Северна Кореја се проблем и за Европа, пренесува Ројтерс изјава на висок јапонски функционер.

Претседавајќи на првиот од двата дена на Самитот на Г7 којшто се одржува во централна Јапонија, Абе на своите колеги им кажал дека нуклеарната технологија и балистичките ракети на Пјонгјанг се закана за меѓународниот мир, изјави заменик шефот на кабинетот за безбедност Хирошиге Секо.

Премиерот Абе исто така рекол дека е важно Русија да има конструктивен ангажман во соседна Украина и оти Јапонија е подготвена да даде ниви 500 милиони евра помош за Ирак.

XS
SM
MD
LG