Достапни линкови

Грција го затвори воздушниот простор за либиски авиони


Аеродромот во Триполи.

Аеродромот во Триполи.

По Италија и Малта, и Грција го затвори воздушниот простор за либиски авиони до 8 септември, јавуваат денеска грчките медиуми.

Надлежните грчки агенции веќе издале соодветни упатства за пилотите, а грчкото Министерство за надворешни работи одби да ја коментира оваа забрана.

Некои грчки медиуми претпоставуваат дека инструкциите за пилотите се подготовка за евентуална интервенција на НАТО во Либија.

Според некои аналитичари, она што е интересно во грчката одлука е тоа што со забраната не се опфатени „воени авиони на други нации, државни летови или други ВИП летови, летови за итна медицинска помош“.

Тие наведуваат дека и во италијанската забрана за летови од Либија има исклучоци, но не и за авиони за итна медицинска помош.

XS
SM
MD
LG