Достапни линкови

Туск: ЕУ ќе ги обнови санкциите кон Русија


Претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск изјави дека е „прилично сигурен“ оти блокот во следните две или три недели, без големи дискусии ќе ги обнови економските санкции против Русија за нејзините акции во Украина.

„Сакам да јасно да кажам дека нашиот став кон Русија, вклучителни економските санкции, ќе остане непроменет се додека договорите од Минск не бидат целосно имплементирани“, рече денеска Туска на Самитот на Г7 во Јапонија.

Договорот во Минск потпишан во февруари 2015 година помогна да се редуцираат борбите меѓу украинските владини сили и про - руските сепаратисти во источна Украина, но спорадичните судири продолжија. Во конфликтот од април 2014 година, убиени се повеќе од 9.300 луѓе.

XS
SM
MD
LG