Достапни линкови

Кремљ: Ослободувањето на Савченко нема да ги подобри односите меѓу ЕУ и Русија


Русија соопшти дека ослободувањето на украинската пилотка Надја Савченко, по скоро две години во затвор, веројатно нема да помогне за подобрување на односите меѓу Москва и Европската унија.

Савченко вчера се врати дома, откако беше заменета за двајца руски затвореници кои беа осудени во Украина.

„Враќањето на нашите момци во Москва и помилувањето на Савченко и нејзиното враќање во Киев, може да се смета за нешто што може значително да ја промени моменталната отмосфера, што секако сакаме да ја видиме како поконструктивна“ изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Предавањето на Савченко кое беше барано од Западот, доаѓа неколку недели пред одлучувањето на ЕУ дали да ги продолжи санкциите против Русија за нејзините акции во Украина.

Мерките, кои се донесени во 2014 година, треба да истечат на крајот на јули.

XS
SM
MD
LG