Достапни линкови

Јункер: Турција да ги почитува своите обврски


Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска ги отфрли заканите од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за блокирање на спогодбата за мигрантите, соопштија француските медиуми.

„Од Турција очекуваме да ги почитува своите обврски, а заканите не се најдобриот дипломатски инструмент што може да се користи“, изјави Јункер во изјавата од самитот на Г-7 во Јапонија.

„Што се одесува до Турција, јас сум убеден дека оваа спогодба ќе ги даде своите резултати и таа веќе ги дава, додаде тој.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди ЕУ дека турскиот Парламент ќе ја блокира примената на спогодбата за мигрантите доколку нема никаков напредок во прашањето за укинување на визите за турските државјани.

„Доколку до 30 јуни не биде постигнат никаков резултат по прашањето за визите, никакво решение, никаков закон во рамки на примената на спогодбата за реадмисија (на мигрантите), нема да биде донесен од Парламентот на Република Турција“, изјави Ердоган на прес-конференцијата на 24 мај во Истанбул, во рамки на Светскиот самит за хуманитарни прашања.

XS
SM
MD
LG