Достапни линкови

Цената на нафтата за прв пат годинава над 50 долари


Цената на нафтата за прв пат во оваа година се искачи над 50 долари за барел. Тоа, според економистите, е добра вест за произведувачите на нафта како Русија, Казахстан, Иран и Ирак. Во почетокот на 2016 година цените на нафтата поднаа до 27 долари за барел. Сегашното неочекувано покачување се објаснува со зајакнувањето на американскиот долар поради зголемувањето на каматните стапки, како и со времениот прекин на снабдувањето поради шумските пожари во Канада и нередите во Нигерија.

XS
SM
MD
LG