Достапни линкови

logo-print

САД и ЕУ го поздравија ослободувањето на Исмаилова


Кадиџа Исмаилова

Кадиџа Исмаилова

Соединетите држави и Европската унија го поздравија вчерашното ослободување на новинарката на Радио Слободна Европа Кадиџа Исмаилова, откако Врховниот суд на Азербејџан ја суспендира нејзината затворска казна од 7 ипол години. „Ви благодарам за поддршката. Ја продолжувам работата како новинар“, напиша таа на Фејсбук. Исмаилова беше затворена во 2014 година за известувања во врска со корупциски зделки на семејството на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев. „Ова е позитивен чекор и ја охрабруваме влада на Азербејџан да ги отфрли и другите обвинувања против неа“, соопшти Стејт департментот. Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини побара ослободување и на другите кои поради политички причини се во затвор во Азербејџан. Претседателот на ББГ Џон Ленсинг ги повика властите во Баку да ги запрат истрагите против другите новинари кои работеа во бирото на Радио Слободна Европа пред тоа да биде затворено. „Ова е голем ден за Кадиџа, за сите новинари и слободата на говорот насекаде“, оцени главниот уредник на РСЕ Ненад Пејиќ.

XS
SM
MD
LG