Достапни линкови

Од борбата нема откажување, порачуваат демонстрантите


Граѓани и денеска се собираат пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство во знак на поддршка на оваа институција, од каде ќе продолжат да протестираат низ центарот на Скопје. Нема да не заплашат заканите и притисоците, од оваа борба нема откажување, велат демонстрантите кои повеќе од еден месец речиси секојдневно протестираат против политиките на власта. Од движењето Протестирам кои стојат зад организацијата на протестите велат дека ќе протестираат сè до исполнување на сите барања кои ги натерале да излезат на улица. Тие велат дека власта нема да ги заплаши со повици на информативни разговори.

Демонстрантите бараат претседателот Ѓорге Иванов да ја поништи аболицијата и да си даде оставка. Бараа оставка и од актуелната власт за да се формира преодна влада со конкретен мандат и обврски. Тие исто така бараат и ослободување на демонстрантите кои се вклучија во протестите на Шарената револуција.

XS
SM
MD
LG