Достапни линкови

logo-print

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ја почитуваме одлуката на Уставниот суд


Одлуката на Уставниот суд на Република Македонија со која се поништуваат Одлуката за распуштање на Собранието на РМ од јануари 2016 и Одлуката за изменување на Одлуката за распуштање на Собранието на РМ од февруари 2016 година не е во насока на размислувањата на ВМРО-ДПМНЕ, но како што најавија од пратеничката група на оваа партија ќе ја почитуваат.

„Одлуката на Уставниот суд, ние како политичка партија ќе ја почитуваме. Сметаме дека не е во насока на размислувањата на нашата партија и во насока на нашето дејствување, меѓутоа Уставниот суд е институција која што треба да биде почитувана во оваа држава и ние како таква ќе ја почитуваме“, се вели во денешното соопштение од пратеничката група.

ВМРО-ДПМНЕ како демохристијанска партија, се додава во соопштението смета дека единствено изборите се начин на легитимирање на една власт и дека народот е тој што ја дава и ја зема власта.

„Како партија бевме подготвени на 5 јуни да излеземе на избори и да дадеме можност на народот да го каже своето размислување околу политичката ситуација во државата“, се посочува во соопштението од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG