Достапни линкови

logo-print

Новинарката на РСЕ Хадиџа Исмаилова ослободена од затвор


Азербејџанската новинска агенција АПА информира дека истражувачката новинарка на Радио Слободна Европа, Хадиџа Исмаилова е ослободена од затвор, откако Врховниот суд ја суспендирал нејзината затворска казна од 7 и пол години.

Врховниот суд на Азербејџан денекса ја разгледуваше жалбата на новинарката против нејзината затворска казна.

Таа ја обжали казната од 7 и пол години за обвиненија кои голем дел од јавноста ги смета како одмазнички за нејзиното наградено истражувачко новинарство, поврзувајќи ги со корупција членовите на семејството на азербејџанскиот претседател Илхам Алијев.

Исмаилова беше уапсена во декември 2014 година, а во септември 2015 беше осудена за затајување данок и за обвиненија за проневери.

Западните влади и меѓународните групи за слобода на печатот повикаа новинарката да биде ослободена.

Група на невладини организации на нејзиниот роденден на 27 мај планираа да одржат собири за поддршка.

XS
SM
MD
LG