Достапни линкови

Најчевска и Пировска добија казни од 50 евра


Директорката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска и професорката Мирјана Најчевска денеска беа на информативен разговор со полициската станица „Беко“ при што добија казни од 50 евра или општо корисна работа за боење на министерстото за надворешни работи за време на протестите на Шарената револуција.

Со иста казна од 50 евра деновиве беше казнет и професорот на Правниот факултет и претседател на Хелсиншкиот комитет, Гордан Калајџиев.

Стотина граѓани утринава се собраа пред полициската станица Беко за да им дадат поддршка на двете активистки.

Шарената револуција преку својата страница на социјалната мрежа Фејсбук повика на собирање пред полициската станица Беко утринава за како што напишаа да ги придружат и поддржат двете активистики кои се повикани на информативен разговор и да упатат уште една јасна анти-режимска порака - дека не се плашат.

XS
SM
MD
LG