Достапни линкови

Тепачка меѓу мигранти во Ваксинце


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Дваесет и петгодишен мигрант од Пакистан е повреден во тепачка меѓу мигранти што се случила синоќа во селото Ваксинце.

Повредениот мигрант поради сериозноста на повредите во десната страна на градниот кош е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Тепачката ја пријавил жител од селото Ваксинце кој посочил дека 10 до 15 непознати лица, најверојатно мигранти, меѓусебно се тепат.

Во истиот период од Општата болница во Куманово во полиција било пријавено дека на хирушкото одделение бил донесен С.Р. (25) од Пакистан, кој како итен случај е препратен во Ургентниот центар во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

XS
SM
MD
LG