Достапни линкови

11 загинати во самоубиствен напад во Авганистан


Во самоубиствен напад на возило кое превезувало вработени во суд убиени се 11 луѓе и четворица се повредени, западно од авганистанскиот главен град Кабул.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Наџиб Даниш изјави дека напаѓачот го детонирал експлозивниот елек додека одел покрај возилото, во областа Пагман за време на денешниот утрински метеж.

Меѓу жртвите има и вработени во судот и цивили.

Талобанците ја преземаа одговорноста за нападот, кој доаѓа откако движењето го објави дека нов лидер ќе го замени Мула Актар Мансур кој беше убиен во напад со срон од страна на САД.

XS
SM
MD
LG