Достапни линкови

Туск задоволен од договорот на Еврогрупата за Грција


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека е задоволен од договорот постигнат на состанокот на Еврогрупата.

„Силна порака за стабилноста во Грција, Европа и за глобалната економија“, рече Туск по состанокот на Еврогрупата.

ММФ го поздрави договорот со директорот на Фондот во Европа, Пол Томсен.

„Го поздравуваме фактот што сите засегнати страни признаваат дека грчкиот долг е неодржлив. Го поздравуваме тоа што е утврдено дека на Грција и треба отпишување на долгот за да се направи одржлив“, соопшти ММФ.

XS
SM
MD
LG