Достапни линкови

„Полициска држава“ се извикува утринава пред Беко


Стотина граѓани утринава се собраа пред полициската станица Беко за да им дадат поддршка на двете активистки Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет и професорката Мирјана Најчевска кои се повикани да дадат изјава за учество во протестите. Најчевска со шише со боја го испрска влезот на полициска станица и не влезе во станицата туку со полицајците зворува само нејзиниот адвокат.

Давањето изјавата на Пировска заврши по што таа рече дека признала дека фрлала со боја но дека не се чувствувала виновна и одбила да го потпише платниот налог за казна.

Како што јавува нашиот репортер пред полициската станица Беко дошле и неколкумина контрадемонстранти кои за кратко време заминале. Граѓаните собрани на повик на Шарената револуција им довикувале „уа“ и „кај ви се седнвичите“, а откако им испаднал еден од транспарентите го испрскале со боја.

Шарената револуција преку својата страница на социјалната мрежа Фејсбук повика на собирање пред полициската станица Беко утринава за како што напишаа да ги придружат и поддржат двете активистики кои се повикани на информативен разговор и да упатат уште една јасна анти-режимска порака - дека не се плашат.

Неделава во полиција беше повикан и професорот од Правниот факултет Гордан Калајџиев кој е и претседател на Хелсиншкиот комитет и беше казнет со 50 евра или општо-корисна работа бидејќи го прекршил Законот за јавна чистота фрлајќи боја за време на протестите.

XS
SM
MD
LG