Достапни линкови

Авганистанските талибанци со нов лидер


Талибанците во Авганистан наименувале нов лидер кој ќе го наследи мула Ахрат Мансур, убиен во напад извршен со американско беспилотно летало во минатата недела. Се наведува дека новиот лидер е Хаибатул Ахунџад, еден од двајцата заменици на Мансур. Тој ги предводеше талибанците од минатото лето кога беше потврдена смртта на мула Мухамад Омар, убиен две години порано. Американски претставници сметаат дека Мансур бил главна пречка за мировниот процес што е прекинат кога тој годинава одби да учествува на преговорите.

XS
SM
MD
LG