Достапни линкови

Околу 3 илјади бегалци спасени кај брегот на Либија


Околу 3 илјади бегалци биле спсени кај брегот на Либија, соопшти синоќа италијанската крајбрежна стража, наведувајќи дека само во изменативе 48 часа на Средоземно море биле спасени 5 илјади и 600 луѓе. Од почетокот на годинава досега на југот на Италија пристигнале околу 34 илјади мигранти и бегалци. Во Либија владее хаос од соборувањето и убивањето на поранешниот либиски лидер Моамер гадафи во 2011 година. Од тогаш Либија е соочена со оружени судири меѓу различни фракции, а од тоа, според аналитичарите, најмногу профитирала милитантната Исламска држава, како и шпверцерите на луѓе.

XS
SM
MD
LG