Достапни линкови

Ердоган: визна либерализација, па реадмисија


Турција нема да презема натамошни чекори со цел примена на Договорот со Европската унија за реадмисија на мигранти се додека нема напредок за прашањето за визна либерализација за турските граѓани, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој предупреди дека турскиот парламент ќе ги блокира законите за тој договор ако за граѓаните на Турција не биде гарантирано патување без визи. На Хуманитарниот самит во Истанбул тој додаде дека Турција се уште на ги добила финансиските средства ветени од ЕУ како дел од договорот.

XS
SM
MD
LG