Достапни линкови

Грција и ЕУ министрите со договор за долгот


Минситрите на земјите од еврозоната постигнаа договор со кој на Грција и се обезбедува нов заем и и се овозможува олабавување на долгот. Со договорот постигнат по 11 часовни разговори во Брисел и се даваат на Грција дополнителни над 10 милијарди евра во наредните неколку месеци. Грција претходно понуди мерки со кои обезбедува дека може да го врати долгот, вклучувајќи намалување на каматните стапки. Во финансиската помош се вклучува и Меѓународниот монетарен фонд кој претходно обиваше да го стори тоа со образложение дека грчкиот долг е преголем за да биде одржлив.

XS
SM
MD
LG