Достапни линкови

Четири руски хеликоптери и 20 камиони уништени во напад на ИД на сириската воздушна база Т4


Руски хеликоптер од типот „Ми – 24“.

Руски хеликоптер од типот „Ми – 24“.

Американската приватна разузнавачка компанија Стратфор објави сателитски снимки коишто укажуваат оти стратешката сириска воздушна база Т4, којашто ја користи армијата на Русија, е „сериозно оштетена“ во артилериски напад.

Стратфор посочува дека се чини оти се уништени четри руски хеликоптери „Ми – 24“, во напад врз воздушната база Т4 во централна Сирија, која се наоѓа во близина на градот Палмира којшто армијата на сирискиот претседател Башар ал - Асад пред еден месец го презема од групата на Исламската држава (ИД).

Фотографиите „силно укажуваат“ дека во нападот исто така се уништени околу 20 возила, додава Стратфор.

Групата на ИД ја презема одговорноста за нападот врз базата, тврдејќи дека биле уништени четири руски хеликоптери и 20 камиони со муниција.

Стратфор наведува дека уништувањето на хеликоптерите во базата во основа е „суров потсетник за постојаната закана“ со која се соочува Русија – клучниот сојузник на сирискиот претседател Башар – ал Асад.

Руското Министерство за одбрана го отфрли извештајот, нарекувајќи го „пропаганда што ја шири ИД.“

XS
SM
MD
LG