Достапни линкови

logo-print

Оптимизам за решавањето на грчката должничка криза


Германскиот министер за финансии Велфганг Шојбле е оптимист дека меѓународните кредитори и Грција можат да ја надминат блокадата што настана откако Атина побара ново намалување на долговите.

„Се надевам дека најдеме решение денес“ , изјавил Шојбле пред состанокoт на министрите за финансии на Еврозоната и преставници на Меѓународниот Монетарен фонд во Брисел.

Шојбле денеска ги избегна коментарите за несогласувањето меѓу Германија и ММФ за одржливоста и потребата од ново кратење на грчкиот долг. Иако не исклучи и ново кратење на парите што Атина ги должи на кредиторите, германскиот министер потсети дека таква мерка е можна само ако програмата за штедење биде спроведена целосно а тоа треба да се случи во 2018 година.

За разлика од Германија, ММФ смета дека за кратењето на грчкиот долг мора да се реши веднаш, а тоа не треба да зависи од никакви други предуслови.

XS
SM
MD
LG