Достапни линкови

logo-print

Француската полиција прекина штрајк во нафтена рафинерија


Француската полиција денеска прекина штрајк во нафтена рафинерија во близина на пристаништето во јужниот град Марсеј, во услови на конфронтација меѓу владата и синдикатот околу непопуларните реформи на законот за работни односи, пренесува Ројтерс.

Полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите пред рафинеријата на „Ексон Мобил“, откако голем број на бензински пумпи останаа без горива, а владата предупреди дека нема да го толерира таквото однесување.

„Доста е“ рече францускиот премиер Мануел Валс.

Ескалацијата доаѓа во услови на ќор – сокак меѓу францускиот претседател Франсоа Оланд и противниците на планираните реформи на законите за работни односи кои предизвикаа улични протести кои траат со недели и кои можаат да ја парализираат земјата со штрајковите во рафинериите, пристаништата и железниците.

Генералната конфедерација на трудот (ГКТ) соопшти дека реформата ќе овозможи фиримите полесно да ги отпуштаат вработените во тешки еконосмки времиња и ќе им обезбедат дополнително ослободување од националните правила за плати и работни услови.

„Ова ќе го гледаме до самиот крај, до повлекување на законот за работни односи“, изјави шефот на ГКТ, Филипе Мартинез. „Ова е влада кој и го сврте грбот на своите ветувања и сега се соочуваме со последиците.

Францускиот министер за транспорт Алан Видалес изјави дека една од пет од вкупно 12.500 бензински пумпи, или се целосно без горива или имаат само еден вид на гориво, една недела откако нафтените работници започнаа штрајк.

XS
SM
MD
LG