Достапни линкови

logo-print

Седум украински војници убиени на истокот на земјата


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Украина соопшти дека седум војници се убиени и девет други повредени во последните 24 часа во источниот дел на земјата.

Шефот на Националниот совет Олександр Турчинов изјави дека ова е најголем број на жртви во регионот оваа година.

Во борбите меѓу владините украински сили и про-руските сепаратисти во источна Украина, од април 2014 година загинаа повеќе од 9.300 луѓе.

Договорот за прекин на огнот потпишан во февруари 2015 година во Минск, го редуцраше насилството, но спорадичните инциденти продолжуваат.

XS
SM
MD
LG