Достапни линкови

logo-print

Петмина загинати во експлозија во Авганистан


Петмина цивили загинале кога нивното возило било погодоено од бомба поставена на пат, во јужната авганистанска провинција Кандахар.

Портпаролот на гувернерот Самим Кполвак изјави дека четири други луѓе се повредени, во денешниот напад во областа Шах Вали Кот.

Ниту една група досега не ја презема одговорноста за нападот, во услови кога Талибанците минатиот месец ја започнаа пролетната офанзива против авганистанските владини сили поддржани од Западот.

XS
SM
MD
LG