Достапни линкови

Ердоган ја одобри новата влада предводена од Јилдирим


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го одобри составот на новата Влада, формирана од неговиот сојузник Бинали Јилдирим.

Јилдирим, кој беше избран и за претседателот на владејачката Партија на правдата и развојот му ја предаде на Ердоган претходно листата со новиот состав на владата, јави турската државна телевизија ТРТ.

По одобрувањето на составот Јилдирим официјално ја презема премирската функција, а денеска прв пат во улога на премиер ќе говори пред пратениците од својата партија.

Ердоган утре ќе претседава со првата седница на новата влада, соопштија извори од неговиот кабинет неколку минути, откако беше објавен составот на новиот кабинет.

XS
SM
MD
LG