Достапни линкови

logo-print

Почна преместувањето на мигрантите од Идомени


Грчките власти денеска почнаа постепено да го евакуираат кампот во Идомени во близина на границата со Македонија. Најмалку 400 специјалци го блокираат приодот до подрачјето. Владиниот портпарол за бегалската криза Јоргос Кирицис соопшти дека полицијата не употребувала сила. Според него операцијата би траела 10 дена. Во кампот имало околу осум ипол илјади мигранти кои би требало да бидат преместени во други кампови во внатрешноста на Грција. На новинарите им е забранет влез во Идомени.

XS
SM
MD
LG