Достапни линкови

Ирачката војска освои предградија на Фалуџа


Ирачките сили соопштија дека освоиле неколку предградија на Фалуџа на правиот ден од офанзивата со цел враќање под нивна контрола на овој град што е во рацете на милитантите на Исламската држава. Ирачкиот премиер Хајдар ал Абади соопшти дека операциите се одвивале успешно, но оти претстоеле големи предизвици. Според него, главно било да се отворат коридори за излегување на цивилите од градот. Обединетите нации предупредија дека таму имало заглавено околу 50 илјади цивили. Фалуџа се наоѓа во сунитската област Анбар.

XS
SM
MD
LG