Достапни линкови

Чествувања за Денот на сесловенските просветители


Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ја предводи македонската црковно државна делегација која денеска ќе присуствува на Молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим. Во Скопје делегации на владата и на Собранието на Македонија ќе положат цвеќиња пред споменикот на Кирил и Методиј кај Камениот мост. Потоа ќе се одржи свечен собир на Македонската академија на науките и уметностите и Бугарската академија на науките. Во рамките на собирот ќе биде отворена изложбата „Графичка мапа на глаголицата“ од професор д-р Трајче Блажевски и професор д-р Фехим Хусковиќ.

XS
SM
MD
LG