Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: умерено облачно, со локален дожд


Во Македонија ќе биде умерено облачно, попладне со локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и југозападен правец, кој повремено ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Утринската температурата ќе се движи од шест до 13, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде пониска за неколку степени и ќе се движи во интервалот од 18 до 25 степени. Во Скопје ќе биде умерено облачно и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец. Температурата ќе се движи од девет до 23 степени.

XS
SM
MD
LG