Достапни линкови

Кривичниот суд ги одби бараните мерки на СЈО за случајот „ТНТ“


Основниот суд Скопје 1 соопшти дека во однос на случајот во јавноста познат како „ТНТ“, судија на претходна постапка по разгледување и ценење на предлогот како и по сослушување на четворицата осомничени донесе решение со кое гo одби предлогот на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои поизлегуваат од незаконското следење на комуникации (СЈО) за определување мерки за обезбедување на присуство, привремено одземање патна исправа за преминување државна граница и обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган. Од судот наведуваат дека СЈО има право да поднесе жалба до Кривичниот совет во рок од 24 часа.

XS
SM
MD
LG