Достапни линкови

Почна протестот пред СЈО, демонстрантите бараат поништување на аболицијата


Неколку стотини граѓани и денеска се собираат на протест пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во знак на поддршка на оваа институција. Во најавите на социјалните мрежи демонстрантите наведуваат дека оставката на претседателот Ѓорге Иванов ја условуваат и со претходно целосно поништување на аболицијата. „Бараме оставка на актуелната влада со цел да се формира преодна влада со конкретен мандат и обврски и бараме ослободување на демонстрантите кои се вклучија во протестите на шарената револуција“, се вели во најавите за протестот.

XS
SM
MD
LG