Достапни линкови

Општина Центар бара одговор за улогата на Чаир во поставувањето на спомениците


Во кој дел општина Чаир имаше свој ангажман околу поставувањето на спомен обележјата и согласно кој Закон и кои законски надлежности, асистира или дава логистичка поддршка за поставување на спомен обележја на територијата на општина Центар.

Ова се прашањата за кои денеска градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски упатил допис до градоначалникот на општина Чаир Изет Маџити во кој бара информации за ангажманот на општина Чаир околу поставување на спомен обележјата на територијата на Центар ноќта меѓу 21 и 22 мај оваа година.

Како што соопштија од општина Центар, за поставувањето биле известени од медиумите, иако се носители на договорот за набавка на истите.

Од Центар бараат одговор за улогата на општина Чаир за, како што велат, да можат да ги извршат своите законски надлежности и да постапат согласно договорите за јавна набавка за лиење во бронза на спомен обележјата, склучени во 2012 година.

XS
SM
MD
LG