Достапни линкови

УНХЦР: Затворањето на границите е нехумано


Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) денеска соопшти дека затворањето на границите во Европа за да бидат запрени мигрантите, е нехумано.

Затворањето на границите на Балканот и контроверзниот договор меѓу Турција и Европската унија доведоа до драстично намалување на бројот на луѓе кои годинава влегоа во Европа, откако минатата година пристигнаа околу еден милион луѓе.

„Многу луѓе се удираат в гради и кажуваат дека договорот функционира, дека луѓето ќе престанат да доаѓаат. Но, тоа не е се. Тоа го враќа проблемот назад и проблемот се уште не е решен“, изјави портпаролката на УНХЦР, Мелиса Флеминг по првиот Светски самит за хуманитарни прашања во Истанбул. Таа додаде деказатворањето на границитее нехумано.

XS
SM
MD
LG