Достапни линкови

logo-print

Закана за поставена бомба во авион на „Туркиш Ерајнс“


Турската полиција попладнево евакуираше 134 патници и членови на екипажот од авион на „Туркиш Ерлајнс“ на аеродромот „Кемал Ататурк“ во Истанбул, поради сомнеж дека во леталото е поставена бомба.

Како што јави ТАСС, евакуацијата е спроведена откако на вратата од еден од тоалтите во авионот била пронајдена белешка на која стоело предупредување за поставена бомба.

Веднаш по евакуацијата на патниицте и членовите на екипажот, припадници на антитерористичката единица на турската полиција започнаа со проверка на леталото.

Авионот требало да полета од Истанбул кон градот Кајсери во цнетрална Турција.

Ова не е прв случај за закана за поставена бомба во авион на „Туркиш Ерлајнс“, но сите досегашни се покажаа како лажни.

XS
SM
MD
LG