Достапни линкови

Рот: Берлин е екстремно загрижен за политичката состојба во Македонија


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Германскиот државен министер Михаел Рот денеска од Брисел порача дека Берлин е „екстремно загрижен за внатрешно - политичката состојба во Македонија“, јавува Дојче веле.

Рот посочил два услова кои земјата итно мора да ги исполни: создавање услови за демократски и слободно избори и целосна поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство.

„Политичките партии повеќе не смеат да го ставаат на тест трпението на меѓународната заедница и на Европската Унија и мора да остварат конкретни резултати“, порачува Рот.

Состојбата во Македонија денеска на инсистирање на Германија била ставена на дневен ред на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

„Македонија повеќе не смее да се оддалечува од Европа, туку мора да се врати назад на патот на приближувањето кон ЕУ“, изјави Рот.

XS
SM
MD
LG