Достапни линкови

Индија потпиша договор за развој на иранското пристаниште Чабахар


Иран и Индија потпишаа договор за развој на иранското пристаниште Чабахар.

Иранскиот премиер Наренда Моди, говорејќи денска во Техеран договорот до опиша како „важен чекор“ кој ќе помогне за зајакнување на економскиот раст во регионот.

Моди изјави дека Индија ќе инвестира 500 милиони долари за развој на Чабахар во југоисточен Иран, додавајќи дека неговата земја ќе го изгради и ќе управува со пристаништето.

Иранскиот претседаел Хасан Рохани изјави дека проектот може „да се претвори во многу голем симбол за соработка“ меѓу двете земји.

Авганистанскиот претседател Ашрав Гани денеска исто така отпатува во Техеран за да го потпише трилатералниот договор меѓу Техеран, Њу Делхи и Кабул за да Чабахар да стане транзитен центар меѓу трите земји, заобиколувајќи го Пакистан.

XS
SM
MD
LG