Достапни линкови

Иванов: Потребни се храбри лидери за решавање на кризите


Потребно е храбро политичко лидерство, враќање на вербата во човештвото и солидарноста и свет во кој ќе се почитуваат и заштитуваат човековите права и правото на човечкото достоинство, истакна македонскиот претседател Ѓорге Иванов во своето обраќање на Светскиот хуманитарен самит на ОН што се одржува во Истанбул.

Кабинетот на Иванов соопштува дека тој истакнал оти е потребна прокативност со цел надминување на актуелните глобални предизвици, преку четири чекори.

„Потребни се јасни правила на игра, економски праведен систем, инвестирање во обновата на разорените општества и помирување.“

Тој предупредил дека двојните стандарди го суспендираат меѓународното право и оставаат простор за анархичност во меѓународните односи.

„Повикуваме на почитување на Меѓународниот кривичен суд, а ги занемаруваме пресудите на Меѓународниот суд на правдата. Ќе ве потсетам дека веќе 5 години Македонија чека меѓународната заедница да ја испочитува пресудата на врвниот светски правен авторитет – Меѓународниот суд на правдата. Двојните стандарди го суспендираат меѓународното право и оставаат простор за анархичност во меѓународните односи. Алтернативата на меѓународното право и меѓународниот поредок е глобалниот хаос и глобалниот непоредок“, истакнал Иванов.

Иванов посочил дека Македонија била прв пример на успешна превентивна дипломатија на Обединетите Нации, преку спречување на прелевање на конфликтите од поранешна Југославија.

XS
SM
MD
LG