Достапни линкови

logo-print

Воздушни напади на Турција врз цели на ПКК во Ирак


Турските воени воздухопловни сили спровеле операција во Северен Ирак, при којашто биле разбиени пет цели на терористичката Курдска работничка партија (ПКК), пренесува телевизијата НТВ.

Обележаните цели биле: склад за оружје и неколку пештери - засолништа, кои биле уништени, а авионите на турската авијација се вратиле во својата база во Турција.

Воздушните напади се случиле денеска во реонот Метина по 4.30 ч, и траеле околу еден час. Во тек е проценка на штетите на ПКК.

XS
SM
MD
LG